Често поставувани прашања

МАРТИ ХИГИЕНА ДООЕЛ СТРУМИЦА

Агенција за одржување на хигиена и техничка исправност на колективни објекти

Одговори на важни прашања:

Што е тоа управител на зграда и зошто Ви е потребен?

Управителот на зградата се грижи за нормално одржување и функционирање на објектот, боедно сите негови обврски се одредени со Законот за домување и Договорот за управување со згради.

Колку треба да уплатам во фондовите и кој располага со средствата?

Одлуката за висината на фондовите за одржуваењ на објектите ја донесуваат самите станари, по своја желба, додека депонираните средства се наоѓаат на посебна жиро сметка од зградата.

Зошто служат уплатените средства?

Акумулираните средства во фондовите се трошат за редовно и вонредно одржување на заедничките делови ( ходници, скали, подруми, влезови на гаражи) – по потреба и желба на станарите.

Кој ги дефинира приоритетите за потребите на зградата?

Приоритетите за зградата ги одердуваат самите станари со однапред подготвен и по барање приложен план и програма од управителот.

Како да го решиме проблемот со станарите кои не уплаќаат средства во фондовите со што директно и штетат на самата зграда?

Управителот дневно ги следи сите уплати во фондовите од секој станар и во случај на неплаќање на истите ќе бидат превземени сите законски мерки за спроведување на наплатата.

Што доколку станарите не можат да се договорат околу изборот на управител на зградата?

Во тој случај законот одредува дека било кој сопственик може да побара да се постави управител на зградата. Во ваков случај слободни сме да Ви дадеме целосна помош.

Можеме ли да се консултираме со вас во врска со управувањето и одржувањето на нашата зграда?

Секако дека можете, нашата канцеларија Ви стои на располагање од Понеделник – Петок од 08:00 – 15:00 часот и Сабота од 08:00 – 13:00 часот.